• сабота, 23 ноември 2024

Верати ограбен додека бил на одмор на Ибица во куќата на Роналдо

Верати ограбен додека бил на одмор на Ибица во куќата на Роналдо
Мадрид, 28 јуни 2022 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на ПСЖ, Марко Верати, бил ограбен додека бил на одмор на Ибица, пишува „Marca“. Според шпанскиот спортски весник, 29-годишниот Италијанец престојувал во куќа во сопственост на поранешниот бразилски напаѓач Роналдо. Во моментот на злосторството никој не бил дома. Сепак, полицијата не нашла знаци на насилно влегување. Не се знае точната висина на штетата, но се претпоставува дека е околу три милиони евра. Напаѓачите украле пари и накит. Полицијата врши увид. Верати минатата сезона постигна два гола и две асистенции на 32 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања. Договорот на играчот од средниот ред со парискиот клуб е до 30 јуни 2024 година. зс/

Остани поврзан