• вторник, 09 јули 2024

Венус Вилијамс доби вајлд-карта за учество на турнирот во Индијан Велс

Венус Вилијамс доби вајлд-карта за учество на турнирот во Индијан Велс

Индијан Велс, 14 февруари 2024 (МИА) - Американската тенисерка Венус Вилијамс доби специјална покана за учество на турнирот во Индијан Велс, пренесува прес-службата на турнирот.

Вилијамс ќе наполни 44 години на 17 јуни.

Американката во својот последен официјален меч загуби од Белгијката Грит Минен во првото коло на УС опен - 1:6, 1:6. Натпреварот се одигра во август минатата година. 

Вилијамс има само три победи на ВТА во 2023 година.

Покрај Вилијамс, вајлд-карта за Индијан Велс доби и поранешната прва светска тенисерка Каролина Вознијацки.

Турнирот во Калифорнија ќе се игра од 6 – 17 март. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан