• петок, 22 ноември 2024

Венецуелските опозициски лидери Мачадо и Гонзалес се добитници за наградата Сахаров

Венецуелските опозициски лидери Мачадо и Гонзалес се добитници за наградата Сахаров

Брисел, 24 октомври 2024 (МИА) - Лидерите на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо и Едмунд Гонзалес се добитници на наградата Сахаров за слобода на мислата, која годишно ја доделува Европскиот парламент.

По претседателските избори што во јули се одржаа во Венецуела, опозицијата ги објави резултатите од гласањето, кои според нивните тврдења покажуваа дека Гонзалес извојувал убедлива победа, пренесоа британските медиуми.

Меѓутоа, националната изборна комисија го прогласи актуелниот претседател Николас Мадуро за победник, а Гонзалес, кого венецуелските власти го бараат, побегна во Шпанија.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан