• петок, 05 декември 2025

Венецуела ги затвора амбасадите во Австралија и Норвешка

Венецуела ги затвора амбасадите во Австралија и Норвешка

Каракас, 13 октомври 2025 (МИА) - Владата на Венецуела денеска објави дека ќе ги затвори своите амбасади во Норвешка и Австралија и ќе отвори нови во Буркина Фасо и Зимбабве, како дел од реструктуирањето на својата дипломатска служба, по неколку недели ескалација на тензиите со САД.

Затворањето на амбасадите е дел од „стратешко прераспределување на ресурсите“, се вели во соопштението на владата на претседателот Николас Мадуро, додавајќи дека конзуларните услуги за Венецуелците во Норвешка и Австралија ќе продолжат да ги обезбедуваат дипломатските мисии, а деталите ќе бидат објавени во наредните денови.

Каракас соопшти дека новите амбасади ќе служат за започнување заеднички проекти во областите на земјоделството, енергетиката, образованието, рударството и други заеднички интереси.

Затворањето на амбасадите во двата сојузници на САД дојде по неколку недели зголемени тензии меѓу Каракас и Вашингтон. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан