• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Велосипедист удрен од автомобил кај Драмски театар

Велосипедист удрен од автомобил кај Драмски театар
Скопје, 15 октомври 2022 (МИА) - Седумдесет и четиригодишен велосипедист се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од автомобил во близина на Драмски театар, потврдија од МВР за МИА. Оттаму посочија дека денеска во 12:57 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Руѓер Бошковиќ“, во близина на Драмски театар, патничко моторно возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В. А. (55) од Скопје, удрило во велосипедистот Б. В. (74) од Скопје. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во ГОБ „8-ми Септември“.мс/са/

Остани поврзан