• петок, 05 декември 2025

Велосипедист повреден во сообраќајка кај струшко Враништа

Велосипедист повреден во сообраќајка кај струшко Враништа

Струга, 26 ноември 2025 (МИА) - Велосипедист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода со автомобил на регионалниот пат Струга - Дебзр, кај селото Враништа, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, вчера во 13 часот и 15 минути на регионалниот пат од Струга кон селото Враништа, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(57) од селото Горно Татеши, струшко и велосипед управуван од Р.Ш.(65) од селото Враништа, струшко.

Во несреќата, како што е наведено, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

На местото, бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Струга. сс/са/

Фото МИА архива

Остани поврзан