• петок, 05 декември 2025

Велиновски: Македонска Каменица припаѓа на народот, не на партиите

Велиновски: Македонска Каменица припаѓа на народот, не на партиите

Македонска Каменица, 17 октомври 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Македонска Каменица, Слободан Цоби Велиновски, ги повика граѓаните на изборите во недела да гласаат за принцип, надеж и чесна работа, истакнувајќи дека неговиот пат е поинаков од традиционалните партиски структури.

Во завршната објава на својот профил, Велиновски потенцираше дека не доаѓа со партиски машинерии, туку со луѓе – наставници, земјоделци, мајки, татковци и занаетчии – кои сакаат живот со достоинство во својот град. „Македонска Каменица никогаш не била мала, кога срцето ѝ чука за вистината“, рече Велиновски, нагласувајќи дека градот припаѓа на децата што играат на улица, на младите што сакаат да останат и на постарите што секое утро се на плоштад.

Тој апелираше до граѓаните да го користат својот глас за промени, против стравот и поделбите. „На изборниот ден, нема да гласаме само за човек или листа. Ќе гласаме за принцип, за надеж, за пркос. Ќе гласаме за тоа дека и гласот на ‘малите’ значи нешто“, порача Велиновски.

Тој истакна дека е подготвен да работи со душа и искреност, без калкулации и наредби одгоре, и им се заблагодари на граѓаните што верувале во него.

На кандидатската листа, Велиновски е под број 119, а Злате Алексовски под број 84. вс/ац/

Фото: кандидат Велиновски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан