• понеделник, 23 декември 2024

Велика Британија ќе забрани други земји да поседуваат британски весници

Велика Британија ќе забрани други земји да поседуваат британски весници

Лондон, 13 март 2024 (МИА) - Велика Британија ќе ги промени своите закони и ќе им забрани на другите земји да поседуваат, да влијаат или да контролираат британски весници, објавија британските медиуми.

Одлуката може да ги попречи плановите на инвестицискиот фонд Редбрд (Redbird) поддржан од Абу Даби за купување на британскиот весник Телеграф.

Телевизискиот репортер Марк Клајнман на „Х“ објави за плановите на владата да направи измени во законот. Законодавството што би можело да се искористи за да се активира процесот на измени се очекува да се дебатира во Домот на лордовите подоцна денеска.

Одлуката доаѓа откако Британија користи посебен регулаторен процес за да размисли дали да дозволи Редбрд да го купи Телеграф.

Купувањето на влијателниот политички весник Телеграф покренува прашања за независноста на медиумите и улогата на странските инвеститори кои поседуваат имот што може да ја поткопа слободата на печатот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан