• среда, 17 јули 2024

Велика Британија ја стави земјава на зелена листа држави на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација

Велика Британија ја стави земјава на зелена листа држави на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација

Скопје, 13 октомври 2021 (МИА) - Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска со нови протоколи за Ковид-19 со кои Република Северна Македонија преминува во зелената листа на држави и територии на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација, соопшти МНР.

Граѓаните на Република Северна Македонија кои патуваат во Велика Британија, и кои примиле вакцина во земјава, ќе се сметаат за целосно вакцинирани лица под следните услови: да поседуваат со себе сертификат за вакцина за да го докажат статусот на вакцинација; да имаат примено комплетна вакцина (две дози) најмалку 14 дена пред да пристигнат во Велика Британија; да бидат вакцинирани со некоја од следниве вакцини: Оксфорд/АстраЗенека, Pfizer BioNTech, Модерна, Јансен; сертификатот за вакцинација како доказ да биде издаден од национален или државен орган за јавно здравје и да е на англиски, француски или шпански јазик.

МНР потсетува дека на веб страницата на Министерството можат да се следат најдетално и најновите информации за Ковид протоколи: https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19  

Останува непроменето дека, државјаните на Република Северна Македонија за влез во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (ОК) им е потребна важечка британска виза или дозвола за престој, додава МНР. нд/са/

 

Остани поврзан