• недела, 22 декември 2024

Велика Британија: Кралските трошоци растат на 107,5 милиони фунти, Чарлс посегна по резервите

Велика Британија: Кралските трошоци растат на 107,5 милиони фунти, Чарлс посегна по резервите

Лондон, 29 јуни 2023 (МИА) - Британскиот крал Чарлс Трети бил принуден да ги искористи кралските резерви за да ги покрие исклучително високите трошоци за време на овогодинешните кралски активности, кои пораснале за повеќе од пет милиони фунти, покажуваат официјалните извештаи.

Нето трошоците на Бакингемската палата се зголемија на 107,5 милиони фунти, односно за повеќе од пет милиони фунти оваа година, поради трошоците за платинестиот јубилеј, погребот на кралицата, подготовките за крунисувањето на кралот и спојувањето на двете кралски домаќинства, објавија британските медиуми. 

Според помошниците, монархијата се соочува со „притисок“ за време на кризата предизвикана од зголемените трошоци за живот, при што повеќе од 21 милион фунти се земени од кралските резерви поради ефектите од инфлацијата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан