• понеделник, 23 декември 2024

Велика Британија бара објаснување од Русија за наводната смрт на Британец заробен во Украина

Велика Британија бара објаснување од Русија за наводната смрт на Британец заробен во Украина
Лондон, 15 јули 2022 (МИА) - Велика Британија „итно бара објаснување“ по објавата дека во притвор починал Пол Уреј, Британец, заробен во Украина од страна на проруските сепаратисти. Британското Министерство за надворешни работи реагираше на објавата на локален функционер на самопрогласената Народна Република Доњецк, кој напиша дека Уреј починал на 10 јули од последици од „болест и стрес“. - Итно бараме појаснување од руската Влада за медиумски извештаи дека британскиот хуманитарец починал во Украина, нагласи портпаролот на британското Министерство за надворешни работи. бд/паг/

Остани поврзан