• понеделник, 23 декември 2024

Велигденски концерт на „Танец“ на 19 април

Велигденски концерт на „Танец“ на 19 април
Скопје, 12 април 2022 (МИА) - Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ во вторник, 19 април, во просториите на Националната опера и балет традиционално ќе го одржи велигденскиот концерт.
Во рамки на новата концертна сезона на „Танец“ - „Печат на времето“, без изведени повеќе концерти низ земјава, и тоа во Делчево, Радовиш, Свети Николе, Пробиштип и Кичево, како и во Скопје на јубилејното издание на фестивалот за македонско музичко творештво „Денови на македонска музика“.
На овој гала концерт на 19 април ќе биде изведена атрактивна играорна и вокално-инструментална програма од различни региони на земјата, на кои се создавало македонското фолклорно богатство.
Со учество на целиот ансамбл, на концертот ќе можат да се проследат кореографски постановки како „Малешевка“, „Сретсело“, „Копачија“ и други бројни бисери од богатата вокално-инструментална ризница. Ова е ретка можност и жителите на главниот град да го видат културниот амбасадор „Танец“, кој е на прагот на една особено динамичната меѓународна сезона, која ќе започне во мај со гостувањето во Канада и Америка.
Билетите за концертот од денеска се пуштени во онлајн продажба.бт/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан