• понеделник, 23 декември 2024

Велешкиот Црвен крст со велигденски хуманитарен штанд 

Велешкиот Црвен крст со велигденски хуманитарен штанд 

Велес, 29 април 2021 (МИА)- Во пресрет на големиот христијански празник Велигден традиционално и годинава, десет волонтерите од Клубот на млади при Општинската организација на Црвениот крст во Велес попладнево подготвија хуманитарен велигденски штанд и ги изненадија граѓаните со рачно изработени велигденски јајца.

Велешани кои добија од велигденските јајца и други подароци вратија со хуманост, со парични донации во поставената касичка. Од собраните средства ќе се набават пакети со храна, кои Општинскиот Црвен крст во наредните денови ќе ги подели на лица кои живеат во социјален ризик. 

-Поголем дел од велигденските јајца се изработија на заедничка работилница со членовите од  Дневниот центар за лица со посебни потреби, кои како и многупати досега беа дел од нашите хуманитарни активности, изјави Орце Николов секретар на Општинската организација на Црвениот крст од Велес.

На велигденскиот штанд, освен јајцата како симбол за празникот, граѓаните добија благо, вода и велигденски честитки со посвета.

Еден хуман млад пар од Велес донира и 50 топли оброци кои беа поделени на дел од граѓаните кои го посетија штандот.

Николов потенцира дека на штандот биле запазени сите протоколи за безбедност и заштита на јавното здравје во услови на пандемија на Ковид.  свс/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан