• четврток, 19 декември 2024

Вебинар: Ковид-19 и состојбите во филмскиот сектор во Северна Македонија

Вебинар: Ковид-19 и состојбите во филмскиот сектор во Северна Македонија
Скопје, 27 мај 2020 (МИА) - Филозофскиот филмски фестивал денеска во 11.30 часот ќе организира вебинар на тема „Ковид-19 и филмскиот сектор во Северна Македонија“, на кој ќе се отворат прашањата дали фестивалите треба да се откажат, одложат или да се изведат онлајн. Ќе се дебатира и за тоа како домашните и европските институции одговорија на ковид кризата. Ограничувањата како потенцијал за креативноста? „Новата нормала“ и реосмислувањето на филмската индустрија? Како сакаме да го замислиме филмскиот сектор во иднина?, информираат организаторите. Вебинарот ќе го модерира Ана Дишлиеска Митова, а ќе учествуваат: Анита Стојческа-Агенција за филм · Игор Иванов (режисер, ДФРМ/ Манаки), Бистра Георгиева (МЕДИА Деск МК), Владимир Љ. Ангелов (Кинотека), Саша Станишиќ (Катавеј/ Cinesquare), Стефан Палитов (режисер), Татјана Јаневска (Скопски Филмски Фестивал), Дарко Набаков (МакеДокс), Атанас Георгиев (продуцент)  и Русе Арсов (МКЦ/Синедејс). ир/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан