• понеделник, 23 декември 2024

Повик за учество на вебинари во организација на Министерството за образование на Полска

Повик за учество на вебинари во организација на Министерството за образование на Полска

Скопје, 29 октомври 2024 (МИА) - Министерството за образование на Полска организира два вебинара на кои се поканети и наставници, едукатори, службеници и образовни експерти од земјите од Западен Балкан.

Како што известува МОН, вебинарите се организираат во контекст на претседателството на Полска со Вишеградската група (В4).

-Првиот вебинар за размена на добри практики за обезбедување квалитетно образование за сите ученици со мигрантско потекло, особено за децата бегалци од Украина, ќе се одржи на 19 ноември 2024 година, од 15 до 18 часот. Вториот вебинар овозможува дискусија за предизвиците на технолошката трансформација на училишното образование и ќе се одржи на 28 јануари 2025 година  во период од 15 до 18 часот. Вебинарите ќе се одвиваат на англиски јазик, а учеството е бесплатно, наведува МОН во објавата. 

Заинтересираните може да се регистрираат на линкот: https://ore.edu.pl/2024/10/webinar-education-of-students-with-migrant-background/  хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан