Веа потпиша за Јувентус
- Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус објави дека ги засилил своите редови за следната сезона со играчот за врска Тимоти Веа, кој е син на поранешниот напаѓач на Милан и актуелен претседател на Либерија, Жорж Веа.
Торино, 2 јули 2023 (МИА) – Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус објави дека ги засилил своите редови за следната сезона со играчот за врска Тимоти Веа, кој е син на поранешниот напаѓач на Милан и актуелен претседател на Либерија, Жорж Веа.
Како што е соопштено, Веа (23), кој доаѓа од Лил, потпиша со клубот од Торино петгодишен договор, а Јувентус на францускиот клуб ќе му плати обесштетување од 10.3 милиони евра и дополнителни 2.1 милиони евра во бонуси.
Веа во дресот на Лил одигра 107 натпревари и постигна осум голови.
Синот на прославениот Жорж Веа е роден во САД и беше дел од американската репрезентација на Мундијалот 2022 во Катар. ег/лв/
ФОТО: Фејсбук