• понеделник, 23 декември 2024

Вашингтон со критика до Пекинг заради наметнување на изборниот закон во Хонг Конг

Вашингтон со критика до Пекинг заради наметнување на изборниот закон во Хонг Конг
Вашингтон, 5 март 2021 (МИА) - Изборната реформа што Кина сака да ја наметне во Хонг Конг е „директен напад“ врз автономијата на оваа територија, оценија денеска САД. -САД ги осудуваат актуелните напади од Народна Република Кина врз демократските институции во Хонг Конг, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс. Изборниот комитет што го избира лидерот на Хонг Конг, што е во корист на Пекинг, отсега ќе избира некои членови на парламентот на оваа автономна кинеска територија и ќе ги предлага сите кандидати за пратеници, соопшти денеска висок кинески функционер. Одлуката е дел од владините напори на официјален Пекинг значително да ја зголеми контролата врз политичките процеси во Хонг Конг, каде што продемократското движење се зајакна во претходните години. Фактот дека Изборниот комитет ќе ги номинира сите кандидати за Парламентот во Хонг Конг значи дека опозициските политичари може да бидат спречени да учествуваат на изборите. сд/

Остани поврзан