• понеделник, 23 декември 2024

Вашингтон пост: Министерството за правда ги истражува постапките на Трамп околу обидите да го поништи неговиот пораз на изборите

Вашингтон пост: Министерството за правда ги истражува постапките на Трамп околу обидите да го поништи неговиот пораз на изборите
Вашингтон, 27 јули 2022 (МИА) - Министерството за правда на САД ги истражува постапките на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, во рамките на кривичната истрага за неговите обиди да го поништи неговиот пораз на претседателските избори во 2020 година, пишува Вашингтон пост, повикувајќи се на свои извори. Министерството за правда спроведува разговори со поранешни вработени во Белата куќа, вклучувајќи го и шефот на кабинетот на поранешниот потпретседател Мајк Пенс. Тој во понеделникот потврди дека сведочел пред конгресната комисија, што истражуваше за упадот во Капитол на 6 јануари 2021 година и обидите на Трамп и неговите сојузници да ги поништат резултатите од претседателските избори. Обвинители, кои испрашуваа сведоци пред комисијата, поставија прашања поврзани со разговорите на Трамп со неговите адвокати и блиски луѓе, наведува Вашингтон пост, повикувајќи се на две лица запознати со случајот. Сведочењето на шефот на кабинетот на поранешниот потпретседател Мајк Пенс, Марк Шорт, највисокиот функционер за кој се знае оти дал изјави пред конгресната комисија, е знак дека истрагата на Министерството за правда за упадот во Капитол и за заговорот со лажни гласачи, добива на сила. Во април истражителите од Министерството за правда добиле телефонски записи од важни официјални лица, како поранешниот шеф на кабинетот на Трамп, Марк Медоус. Министерството не беше веднаш достапно за коментар. Претходно, во интервју за Си-ен-ен, заменичката на јавниот обвинител, Лиза Монако потврди дека Министерството за правда добило извештаи за списоци со алтернативни лажни избирачи, што биле испратени во Националната архива на САД. Таа тогаш изјави дека обвинителите ги проверуваат. бд/зш/

Остани поврзан