• петок, 22 ноември 2024

Ваучер од 200 евра за купување лаптоп или таблет за професорите и наставниците во Грција

Ваучер од 200 евра за купување лаптоп или таблет за професорите и наставниците во Грција
Атина, 3 февруари 2022 (МИА) – Сите професори и наставници во Грција ќе добијат ваучер во висина од 200 евра за купување технолошка опрема, односно таблет, лаптоп и слично, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретниот амандман вчера беше изгласан во грчкиот Парламент, а според Министерството за образование на Грција, ваучер ќе добијат над 160.000 просветни работници од основните и средните училишта и нема да бидат поставени никакви економски или социјални критериуми. Конкретната мерка е вклучена во програмата „Дигитална грижа“, еден од првите проекти на Фондот за закрепнување, во вкупна вредност од 140 милиони евра, преку која веќе се доделени ваучери на над 500.000 деца и млади на возраст од четири до 24 години. Министерката за образование на Грција Ники Керамеос, говорејќи во грчкиот Парламент рече дека целта е да се зајакне наставниот кадар, а конкретната поддршка е во продолжение на низата активности што се спроведуваат во земјата и придонесуваат за дигитална трансформација на образованието во Грција. ср/сд/

Остани поврзан