• четврток, 07 ноември 2024

Ваучери од 200 евра за таблети и компјутери за 560.000 ученици и студенти во Грција

Ваучери од 200 евра за таблети и компјутери за 560.000 ученици и студенти во Грција
Атина, 15 декември 2020 (МИА) – За 560.000 ученици и студенти, кои исполнуваат одредени и конкретни критериуми, Грција ќе обезбеди ваучери во висина од 200 евра за набавка на таблети, лаптоп или компјутери, јави дописничката на МИА од Атина. За снабдување опрема за следење на онлајн наставата и предавањата, грчката Влада преку Министерствата за финансии, развој и инвестиции, образование и религија, за дигитална политика и за труд и социјални прашања одвои средствата во висина од 112 милиони евра од европскиот Фонд за закрепнување. Ваучерот имаат право да го добијат семејства што имаат приходи до 6.000 евра, односно оние кои семејства кои веќе се корисници на детски додаток. Процените на Министерството за образование на Грција се дека во програмата ќе бидат вклучени околу 325.000 семејства со 560.000 деца на возраст од четири до 24 години. ср/ми/

Остани поврзан