• петок, 05 декември 2025

Ватикан со апел до посетителите да не го фотографираат ковчегот на папата Франциск

Ватикан со апел до посетителите да не го фотографираат ковчегот на папата Франциск

Ватикан, 25 април 2025 (МИА) - Ватикан упати апел до посетителите кои доаѓаат да му оддадат почит на папата Франциск во базиликата „Свети Петар“ да не го фотографираат ковчегот со телото, наведувајќи дека станува збор за момент на пиетет, а не за „претстава“.

Претставници на Ватикан ги предупредуваат верниците да ги остават телефоните и да не прават селфи додека минуваат покрај дрвениот ковчег во кој е положено телото на Папата.

„Посетителите се замолуваат да не фотографираат“, објави портпаролот за британскиот „Тајмс“, додека извор од Ватикан додаде дека „фотографирањето не е во духот на почитувањето“. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан