• вторник, 26 ноември 2024

Васоски: Ќе се обидеме да ја изненадиме Шкендија

Васоски: Ќе се обидеме да ја изненадиме Шкендија

Скопје, 7 октомври 2023 (МИА) – Тренерот на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, Александар Васоски, пред утрешниот дуел со Шкендија, фаворитската улога ја препушти на тетовци, но верува дека неговите избраници имаат сили и квалитет да направат изненадување. 

- Пред три-четири години натпреварите на Вардар со Шкендија беа дерби, но во сегашната ситуација кога ние сме последни секако дека не очекува тежок дуел. Ние играме променливо, но мислам дека нашата форма е во нагорна линија и мислам дека ќе имаме што да кажеме. Ќе настојуваме да победиме, тоа е стилот на Вардар, така ќе продолжиме во иднина. Очекувам од секој наш фудбалер што ќе добие шанса да игра да даде максимум, изјави на денешната прес-конференција шефот на стручниот штаб на скопските „црвено-црни“.

Васоски ги повика Комитите и останатите навивачи во што поголем број да бидат на натпреварот и да им дадат поддршка 

Натпреварот Вардар – Шкендија од 10. коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра утре од 14 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари. зс/

 

Остани поврзан