• недела, 22 декември 2024

Василев: "Промените продолжуваат" ќе води преговори за новата бугарска Влада со БСП, ИТН и ДБ

Василев:
Софија, 15 ноември 2021 (МИА) – Победникот на изборите во Бугарија, коалицијата на левиот центар „Промените продолжуваат“, ќе преговара за влада со БСП, ИТН и ДБ, изјави Асен Василев за БТВ. Според Василев, нивната идеја е да формираат работни групи со БСП, ДБ, ИТН, во секој од секторите каде што се потребни реформи - енергетика, здравство, образование - а во нивна улога би се приклучиле и министрите од преодната влада на Бугарија. Василев објасни дека идејата е да се разговара за главните проблеми во земјата, начините за нивно решавање и на крајот да се донесе план за следните четири години. Копретседателот на „Промените продолжуваат“ изјави дека нема да преговараат само со ГЕРБ и ДПС. Тој беше категоричен дека нема да прифати ниту пасивна поддршка од ДПС. Според него, за да има стабилна влада потребно е стабилно мнозинство во Народното собрание и дека ветената промена со малцинската влада нема да се случи. Василев не ги коментираше предлозите за идни министри и објасни дека треба да се почне од проблемите, а не од луѓето. Сепак, тој потврди дека копретседателот Кирил Петков ќе биде премиер на Бугарија, а тој ќе биде министер за финансии. Василев рече дека треба да се фокусираат на зголемување на приходите, додека за галопирачката инфлација искоментира дека Бугарија нема начин брзо да се справи со проблемот:  Левот е закотвен за еврото, па доколку во еврозоната има инфлација од пет отсто нема како инфлацијата во Бугарија да биде поразлична – може да е процент погоре или подолу. нк/сд/

Остани поврзан