• недела, 22 декември 2024

Вархеји: Почеток на преговорите со С Македонија и Албанија останува приоритетно прашање

Вархеји: Почеток на преговорите со С Македонија и Албанија останува приоритетно прашање
Скопје, 22 јуни 2021 (МИА) - Почеток на преговорите за пристапување во ЕУ со С Македонија и Албанија останува приоритетно прашање, порача вечерва еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји по состанокот на Советот за општи работи во Луксембург. -Во врска со ситуацијата со Албанија и С. Македонија,  во текот на изминатите месеци, направено е многу и постигнат е значителен напредок. Ние сме во крајна фаза и ќе продолжиме да работиме со словенечкото претседателство на ЕУ  да го заклучиме процесот, а тоа е да ги отвориме првите меѓувладини конференции (со С Македонија и Албанија) како приоритетно прашање, напиша Вархеји на Твитер. И покрај охрабрувачките тонови и обидите да се убеди Бугарија да го тргне непринципиелното вето за Северна Македонија, Скопје и Тирана на Министерскиот совет во Луксембург повторно останаа пред вратите на ЕУ без можност да ги започнат преговорите за кои ги исполнија сите услови. Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Република Северна Македонија на Советот за општи работи во Луксембург, притоа останувајќи отворена за конструктивен дијалог со претстојното словенечко претседателство со Советот на ЕУ за изнаоѓање заемно прифатливи решенија. вг/лв/

Остани поврзан