• четврток, 21 ноември 2024

Вархеји: Исплатата на првите средства од Планот за раст на Западниот Балкан е можна пред летните одмори

Вархеји: Исплатата на првите средства од Планот за раст на Западниот Балкан е можна пред летните одмори

Брисел, 5 април 2024 (МИА) - Планот за раст на Западниот Балкан вклучува пакет мерки за поттик на земјите од регионот за многу побрзо исполнување на критериумите за членство во ЕУ и дополнителен сет за поддршка на нивните економии и инвестиции и доколку се оди според планот, првата исплата на средствата, односно на авансот, би можела да се случи пред летните одмори, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР), чиј дел е и МИА.  

- Тука не е само финансирањето, туку и отворени агенди и можност за однапред да се почувствуваат некои од придобивките од постепената интеграција, истакна Вархеји во интервјуто дадено по повод вчерашниот договор меѓу Европскиот совет и Европарламентот за формирање на Механизмот за раст и реформи на Западниот Балкан, што претставува финансиски инструмент на Планот за раст.

Според Вархеји, работите сега се поставени така што до 2027 година кога ќе истече сегашната Повеќегодишната финансиска рамка и до кога е и важноста на Планот за раст, би имале се што е потребно земјите од Западниот Балкан да бидат подготвени да се приклучат на Унијата.

- Се надевам дека исто така е јасно дека ова е политичко сидро на процесот на проширување и дека тој не е реверзибилен освен ако земјата кандидат не одлучи сама да го напушти процесот. Но, од наша страна сега се ставивме на место за да може да се спроведе проширувањето, нагласи еврокомесарот.

Вархеји истакна дека се останува да заврши формалната процедура за усвојување на Регулативата за создавање на Механизмот, како и да се изработат реформските агенди на секоја од земјите од регионот.  

- Се надевам дека следната недела ќе биде одобрена од страната на Советот (на ЕУ), а потоа и формалното ќе биде усвоена од Европскиот парламент на последниот пленум во април, што значи дека тогаш ќе се формира Механизмот. Ние веќе работиме со партнерите од Западниот Балкан за да ги добиеме нивните реформски агенди, така што до моментот кога ќе биде воспоставен Механизмот, веќе ќе почнеме да работиме на реформските агенди и на тоа да бидат одобрени најбрзо што може, и посочи Вархеји на репортерката на Танјуг, која го водеше интервјуто во името на ЕНР.

Според еврокомесарот, земјите од Западен Балкан се отидени прилично напред во изработката на своите реформски агенди и веќе се доставени конечни предлози. 
Во однос на тоа кога може да се очекуваат првите исплати на средства од Механизмот, Вархеј посочува дека тоа ќе зависи и од спроведувањето на реформите посочени во ланскиот извештај за напредокот на земјите од регионот на патот кон ЕУ.

- Значи, секогаш ќе има поврзаност помеѓу она што треба да се направи во однос на процесот на проширување и реформските агенди. А првата исплата, се надеваме, била веднаш по усвојувањето на реформските агенда. Тоа најверојатно би можело да се направи пред летните одмори. Тоа е она што го имаме како цел, потенцира Вархеји.

Тој нагласи дека со средствата од Механизмот, земјите од Западниот Балкан ќе може да ги забрзаат реформите, но и да обезбедат инвестиции за проекти од животната средина или енергетскиот сектор област, врз основа на утврдени правило и законски барања.

Во однос на останатите мерки предвидени со планот за постепена интеграција на Западниот Балкан во ЕУ, Вархеји посочува дека уште лани во ноември подготви листа на области каде што смета дека би можеле да се придвижи тој процес.  

- На пример, мислам дека највидливата и најзначајна мерка што можеме да ја направиме оваа година е учество на земјите од Западен Балкан во Единствена област за плаќање во евра (СЕПА), што ќе доведе до намалување на трошоците за трансфери на пари меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан. Според мене, мислам дека ова би било највидливото остварување, истакна еврокомесарот за проширување. 
Околу можното влијание на изборите за членови на Европскиот парламент во реализацијата на Планот, но и на целокупното пристапување на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, Вархеји посочува дека кога станува збор за проширувањето тоа процес кој во поголемиот дел се води во Советот на ЕУ и од страна на земјите членки, па така евроизборите не би имале значително влијание врз него.

- Се разбира, улога во тоа како ко-законодавец има и Европскиот парламент, на пример при создавањето на Механизмот, но во однос на динамиката на политичкиот процес, Советот е тој што е клучен, посочи Вархеји.

Тој изразува надеж дека и следниот состав на Европскиот парламент ќе помага за побрза имплементација на Планот, бидејќи, како што вели, во интерес на Европската Унија е да го постигне овој успех, но и да помогне да се намали економскиот и социјалниот јаз меѓу ЕУ и Западниот Балкан.

- Вистинскиот одговор непосредно пред изборите, како за Западниот Балкан, така и за граѓаните на ЕУ, е дека со ова имаме јасни гаранции дека она што треба да се направи со реформите ќе се направи, а во однос на Западнот Балкан дека можеме да се обидеме да обезбедиме поголеми придобивки од пристапувањето уште пред членството во Европската Унија, порача Вархеји во интервјуто за ЕНР. сп/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан