• сабота, 23 ноември 2024

Вартоломеј повика на заеднички датум за празнување на Велигден

Вартоломеј повика на заеднички датум за празнување на Велигден

Истанбул, 3 април 2024 (МИА) – Севселенскиот патријарх Вартоломеј денеска ги повика сите христијани заедно да го слават Велигден.

Патријархот изрази надеж дека ќе може да се постигне договор за заеднички датум веќе следната година, кога на 20 април ќе се слави Велигден и според Грегоријанскиот и според Јулијанскиот календар.

- Го молиме Господа прославата на Велигден следната година на 20 април на двата календара да не биде само случајност, туку почеток на единствен датум за неговото одбележување и од источната и од западната христијанска црква, рече Вартоломеј, пренесе „Католичка култура“. јт/

Фото: orthodoxtimes.com

Остани поврзан