• петок, 08 ноември 2024

Вардар 1961 со победа стартуваше во Лига Европа

Вардар 1961 со победа стартуваше во Лига Европа

 

Скопје, 8 октомври 2024 (МИА) – Ракометарите на Вардар 1961 со победа стартуваа во ЕХФ Европската лига, совладувајќи го вечерва на домашен терен во Скопје исландски Валур со 33-26 во рамки на воведното коло во групата Ф.

По почетното водство на Валур од 2-0, Вардар ја презеде контролата врз резултатот и наметна цврста игра во одбраната која на полувреме му донесе убедлива предност од 19-11.

Валур на средина од вториот дел на два пати се доближи на пет голови негатива (25-20, 26-21), но Вардар не дозволи натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ да влезе во неизвесна завршница и со победа го почна настапот на европската сцена на која се врати по пауза од две години.

Срдановиќ и Борозан со по шест голови беа најефикасни во редовите на „црвено – црните“, а забележителен настап имаше и голманот на Вардар, Еспиња, кој запиша 14 интервенции.

Вардар во второто коло во Европската лига му гостува на германски Мелсунген. идниот четврток од 18:45 часот. ег

ФОТО: РК Вардар 1961/Фејсбук

Остани поврзан