• понеделник, 23 декември 2024

Вардар 1961 потпиша меморандум за соработка со „Универзитетот Скопје“

Вардар 1961 потпиша меморандум за соработка со „Универзитетот Скопје“

Скопје, 8 август 2023 (МИА) - Меморандум за соработка потпишаа извршниот директор на двократниот европски шампион РК Вардар 1961, Борко Ристовски и ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски.

РК Вардар 1961 и Универзитетот Скопје делат исти вредности, а тоа е развој на спортот во нашата држава, соопшти македонскиот ракометен прволигаш.

Во рамки на договорената соработка, „Универзитет Скопје“ ќе додели 15 целосни стипендии за упис на додипломски студии во академската 2023/2024 година.

- Продолжуваме да го поддржуваме спортот во Македонија. Продолжуваме без запирање да вложуваме во здрава младина за доброто на татковината, изјави ректорот на „Универзитетот Скопје“, Миленковски. ег/аа/

ФОТО: РК Вардар 1961

Остани поврзан