Вардар – Брера и Струга – Работнички го отвораат прволигашкото коло
- Со два натпревари денеска стартува третото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Скопје, 22 август 2025 (МИА) – Со два натпревари денеска стартува третото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Скопски Вардар од 17 часот ја пречекува струмичка АП Брера, додека во истиот термин Струга ТЛ е домаќин на Работнички.
Силекс во Кратово утре е домаќин на Македонија ЃП, додека актуелниот шампион Шкендија в недела во Тетово ќе игра против Арсими.
Третото прволигашко коло ќе биде комплетирано в понеделник со пресметките меѓу Башкими – Тиквеш и Пелистер – Шкупи, натпревар кој ќе се игра во Кавадарци.ег
ФОТО: ФФМ