• понеделник, 23 декември 2024

Вардар ќе обезбеди милион евра гаранција за да добие дозвола за настап во Лигата на Шампионите

Вардар ќе обезбеди милион евра гаранција за да добие дозвола за настап во Лигата на Шампионите
Скопје, 15 јули 2021 (МИА) – Двократниот европски првак, Вардар и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Раководството на македонскиот ракометен великан обезбеди еден милион евра, потребни како гаранција за непречен настап во елитното натпреварување за сезоната 2021/22. Повеќе македонски медиуми денеска објавија дека претседателот на „црвено-црните“ потврдил за подготвеност да се плати котизацијата во ЕХФ. Крајниот рок за уплата на еден милион евра е 27 јули. Вардарци се цо група со Елверум, ПИК Сегед, Кил, Монпелје, Мешков Брест, Загреб и Алборг. Новата сезона во ЛШ македонскиот тим треба да ја почне во средината на септември. зс/

Остани поврзан