Вардар четвртфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
- Фудбалерите на Вардар ја продолжија одбраната на трофејот во Купот на Македонија, откако попладнево се пласираа во четвртфиналето со триумф во Скопје над второлигашот Новаци со 3-1.
Скопје, 22 октомври 2025 (МИА) – Фудбалерите на Вардар ја продолжија одбраната на трофејот во Купот на Македонија, откако попладнево се пласираа во четвртфиналето со триумф во Скопје над второлигашот Новаци со 3-1.
Спахиу, Омерагиќ и Ворен беа стрелци во редовите на Вардар, додека Јовановски го постигна почесниот гол за гостинскиот тим.
Пласман меѓу осумте најдобри екипи во фудбалскиот Куп претходно обезбедија Струга, Силекс, Детонит, Охрид, Шкендија Арачиново и Работнички.
Осминафиналните пресметки ќе бидат комплетирани на 19 ноември кога Шкендија го пречекува Тиквеш.ег
ФОТО: ФФМ