Вардар со гол во финишот го доби вечното дерби со Пелистер
- Во последниот натпревар од 2. коло на Првата македонска фудбалска лига, Вардар вечерва во Скопје го совлада Пелистер со 1:0.
Скопје, 18 август 2024 (МИА) – Во последниот натпревар од 2. коло на Првата македонска фудбалска лига, Вардар вечерва во Скопје го совлада Пелистер со 1:0.
Вечното дерби го реши францускиот интернационалец Дијанеси со гол на десетина минути пред крајот на натпреварот.
Ова е прва победа за „црвено-црните“ во новата сезона, а Пелистер ќе чека друга шанса за прва радост.
На другите натпревари од ова коло одиграни денес постигнати се следниве резултати:
Гостивар – Шкупи 2:0
Шкендија – Работнички 1:1
Силекс – Брера Струмица 4:0
Струга – Беса 1:0
Тиквеш – Воска Спорт 2:1.
Струга е лидер на табелата со 6 бодови, пред Шкендија, Гостивар и Работнички со по 4 бода. Силекс, Тиквеш, Вардар и Брера имаат по 3, Воска, Пелистер и Шкупи по1, Беса е без освоен бод. зс/