• недела, 22 декември 2024

Вардар се излеа во неколку населени места во Општина Јегуновце, поплавени куќи и ниви

Вардар се излеа во неколку населени места во Општина Јегуновце, поплавени куќи и ниви

Тетово, 17 јуни 2023 (МИА) - Реката Вардар се излеа и поплави површини во населените места Раотинце, Копанце и Туденце во Општина Јегуновце. Центарот за управување со кризи извести дека претседателот на месна заедница од село Раотинце во Општина Јегуновце пријавил, на единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК, излевање на Вардар, при што покрај ниви и површина се поплавени и куќи од селото (околу 15). 

-Водата од реката се прелеала на критичните места кај Копанце и преку месноста „Старо Вардариште“ дошла во атарот на село Раотинце. Ова е второ излевање на водата од Вардар во време од еден месец во овој предел. Инаку, нивото на водата на Вардар во моментот е до максималната кота во коритото, се вели во соопштението на ЦУК.

Градоначалникот на Јегуновце, Димитар Костадиноски потврди дека излевањето на Вардар е причина за поплави, а воедно и посочи дека поплавени се ниви и во Туденце. ас/дма/

 

Остани поврзан