• понеделник, 01 јули 2024

Вардар изгуби на гостувањето кај Мешков

Вардар изгуби на гостувањето кај Мешков
Брест, 16 септември 2020 (МИА) - Европскиот ракометен шампион Вардар доживеа пораз на гостувањето кај Мешков Брест со 24:22 (12:10) во првото коло од новото издание на ракометната Лига на Шампиони. Македонскиот тим одигра одличен натпревар , во последните минути резултатот беше изедначен (22:22) но сепак не успеа да издржи до крај и доживеа пораз. Вујин со шест гола беше најефикасен во редовите на Вардар, четири погодоци реализираше Дисингер Вардар во следното 2.коло во „Јане Сандански“ го пречекува Елверум на 24 септември.

Тагови

Остани поврзан