• недела, 16 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ван Перси нов тренер на Феенорд

Ван Перси нов тренер на Феенорд

Ротердам, 23 февруари 2025 (МИА) - Поранешниот фудбалер на Феенорд, Робин ван Перси, стана главен тренер на тимот, објави клупската веб-страница.

Договорот на 41-годишниот фудбалски стручњак е до летото 2027 година. 

Ван Перси претходно работеше со младинските тимови на Феенорд и беше на чело на Херенвен.

По 23 кола Феенорд е на третото место во холандскиот шампионат со 43 бодови. 

На 5 и 11 март тимот од Ротердам ќе игра со Интер во осминафиналето на Лигата на шампионите. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан