• сабота, 23 ноември 2024

Ванг: Кина прва го пријавил вирусот, но каде прво се појави

Ванг: Кина прва го пријавил вирусот, но каде прво се појави
Осло, 28 август 2020 (МИА) – Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави дека Кина е првата земја што пријавила појава на коронавирусот во Светската здравствена организација, но тоа не значи дека вирусот потекнува од Кина. - Во претходните месеци видовме извештаи кои покажуваат дека вирусот се појавил во различни делови на светот, а можеби тоа било дури и пред да се појави во Кина, изјави Ванг вчера пред новинарите во Осло. Првиот случај на коронавирусот го пријавија здравствените власти во Вухан во декември, а првиот смртен случај поврзан со вирусот се случи во јануари. - Каде почна вирусот и како почна, треба да им се остави на научниците и здравствените работници. Прашањето не треба да се политизира или стигматизира, рече Ванг, очигледно алудирајќи на американскиот претседател Доналд Трамп, кој коронавирусот го нарече „кинески вирус“. - Кој е нулта пациентот? Сè уште не е познато, нагласи Ванг. јт/

Тагови

Остани поврзан