• четврток, 19 декември 2024

Валентина Марчевска избрана за претседател на Советот на Општина Јегуновце

Валентина Марчевска избрана за претседател на Советот на Општина Јегуновце

Тетово, 10 ноември 2021 (МИА) - Новиот состав на Советот на Општина Јегуновце денеска ја одржа првата седница при што Валентина Марчевска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ беше избрана за претседателка на Советот. На конститутивната седница беа верифукувани мандатите и на сите 15 советници.  

Како што информираа од локалната самоуправа, заблагодарувајќи се за својот избор Валентина Марческа истакна дека очекува успешна соработка со сите членови на Советот од сите политички партии, во интерес на сите жители од оваа општина.

На конститутивната седница, се наведува, се обрати и градоначалникот Димитар Костадиноски, кој им посака успешна работа. Се надева на добра соработка со членовите на Советот, со кои очекува заедно да работат во интерес на сите жители на Општина Јегуновце.

Советот брои 15 претставници од кои шест има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четворица се од коалицијата предводена од СДСМ, тројца се од ДУИ, и по еден од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива  и од Левица. ас/вг/

Остани поврзан