Валверде: На Манчестер јунајтед освојувањето на ЛЕ им е единствена шанса да влезат таму каде што припаѓаат
- Тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде ги сподели своите очекувања за натпреварот против Манчестер јунајтед во полуфиналето на Лига Европа.
Билбао, 1 мај 2025 (МИА) - Тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде ги сподели своите очекувања за натпреварот против Манчестер јунајтед во полуфиналето на Лига Европа.
-Манчестер јунајтед се наоѓа во несекојдневна позиција во Премиер лигата, но мора да потсетиме дека противник ни е еден од најпознатите тимови во Европа. Тие можат да ја освојат Лигата на Европа. Манчестер јунајтед е клуб од Лигата на шампионите и освојувањето на Лигата на Европа сега им е единствената шанса да влезат на турнирот на кој припаѓа. Има многу работи кои треба да ги земеме во предвид на натпреварот против Јунајтед. Имаат квалитетни фудбалери како Хајлунд, Мегваер, Де Лигт, Бруно Фернандеш. Ова е голем тим со големи можности, изјави Валверде.
Натпреварот Атлетик - Манчестер јунајтед ќе се игра вечер со почеток во 21 часот.
Во другото полуфинале се среќаваат Тотенхем – Бодо Глимт. зс/
Фото: ЕПА