• петок, 22 ноември 2024

Валас: Британија планира да испрати 600 ракети „бримстон“ во Украина

Валас: Британија планира да испрати 600 ракети „бримстон“ во Украина

Талин, 19 јануари 2023 (МИА) – Велика Британија планира да испрати 600 ракети „бримстон“ во Украина за да ја поддржи таа земја во нејзината борба против Русија, изјави денеска британскиот министер за одбрана Бен Валас.

Валас, за време на посетата на воената база Тапа во Естонија, рече дека Лондон ќе испрати уште 600 ракети „бримстон“, што, како што рече, ќе биде многу важно за да и помогне на Украина да доминира на бојното поле.

„Бримстон“ е проектил за напад од земја или од воздух кој го разви компанијата „МБДА“ на Велика Британија за британското кралско воздухопловство, првично наменета за употреба против масовни формации на непријателско оружје, користејќи милиметарски активен радар за враќање за да обезбеди прецизност дури и против подвижни цели.

Искуството во Авганистан доведе до додавање на ласерско наведување на ракетата „бримстон“, со што се овозможи избор на специфични цели за гаѓање, што е особено важно за намалување на колатералната штета.

Велика Британија, по САД, ќе и испрати најголема воена помош за Украина. рп/

Остани поврзан