• понеделник, 23 декември 2024

Вакциниран кралот на Јордан, во Израел првата доза ја примија два милиони луѓе

Вакциниран кралот на Јордан, во Израел првата доза ја примија два милиони луѓе
Ерусалим, 14 јануари 2021 (МИА) - Јорданскиот крал Абдула Втори ја прими вакцината против Ковид 19, ден по почетокот на кампањата за вакцинација во таа земја. Монархот беше вакциниран заедно со неговиот син, престолонаследник Хусеин и чичко му, принцот Хасан, соопшти кралската палата прекуТвитер, со фотографија од примањето на инјекцијата. Јордан започна со имунизација против коронавирусот во средата, а здравствените работници, оние кои страдаат од хронични болести и оние постари од 60 години, се први вакцинирани. Минатата недела, кралството соопшти дека ја одобрило кинеската вакцина Синофарм за итна употреба, откако даде зелено светло за американско-германската вакцина Фајзер-БиоНТек, пренесува Бета. Во меѓувреме, во Израел беше објавено дека два милиони Израелци ја примиле првата доза на вакцината против коронавирус. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за здравство Jули Еделштајн беа во клиника во градот Рамле кога една воспитувачка ја прими двемилионската прва доза на вакцината, пренесуваат израелските медиуми. Нетанјаху и Еделштајн веќе ја добија втората доза како дел од масовната кампања за вакцинирање што започна на 20 декември. Израелскиот лидер рече дека вакцинацијата стана рутинска во таа земја и дека Израелците се задоволни што се навикнале на тоа, но дека повеќето сакаат да заврши и најави продолжување до следниот милион и издавање на таканаречени зелени пасоши за вакцинирани. Вечерва беше соопштено дека во последните 24 часа, уште 6.260 лица во Израел се заразени со коронавирус, а бројот на смртни случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 3.860. ссм/

Остани поврзан