• сабота, 05 октомври 2024

Вакцинацијата во ЕУ отежната и поради Новавакс

Вакцинацијата во ЕУ отежната и поради Новавакс
Вашингтон, 25 март 2021 (МИА) - Американската компанија за биотехнологија Новавакс го одложува потпишувањето договор за достава на својата вакцина против Ковид-19 за Европска Унија поради недостиг на суровини за производство на вакцините, изјави неименуван извор од компанијата. ЕУ на почетокот на годината сакаше да потпише договор со Новавакс за набавка на најмалку 100 милиони дози вакцина Новавакс, со можност за испорака на уште 100 милиони дози. И неименуван претставник на ЕУ изјави дека Новавакс го одложува потпишувањето на договорот со недели, повикувајќи се на правни прашања. - Тие го забавуваат процесот на финализирање на договорот, истакна тој. Портпарол на Новавакс наведе дека компанијата се обидува да го надмине недостигот на резерви на суровини за вакцината, но не изнесе повеќе детали. ми/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан