• понеделник, 23 декември 2024

ВАДА ќе побара дисквалификација на Синер поради кршење на правилата за антидопинг

ВАДА ќе побара дисквалификација на Синер поради кршење на правилата за антидопинг

Монтреал, 28 септември 2024 (МИА) - Светската агенција за анти-допинг (ВАДА) планира да ја го дисквалификува италијанскиот тенисер Јаник Синер поради кршење на анти-допинг правилата, пренесува прес-службата на организацијата.

Во август, се дозна дека Синер пролетта имал два позитивни теста за анаболен стероиден клостобол. Независен трибунал донесе одлука дека забранетата супстанција се нашла во телото на тенисерот преку спреј за лекување, што го купил неговиот фитнес тренер. Физиотерапевтот наводно го масирал Синер без ракавици и така му ја пренел забранетата супстанција.

По скандалот, Синер ги отпушти тренерот и физиотерапевтот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан