• понеделник, 23 декември 2024

ВАДА може да поднесе жалба на одлуката во случајот со допингот кај Синер

ВАДА може да поднесе жалба на одлуката во случајот со допингот кај Синер

Лондон, 21 август 2024 (МИА) - Светската антидопинг агенција (ВАДА) ќе ја разгледа можноста за жалба до Судот за спортска арбитража (CAS) на одлуката да не го дисквалификува Јаник Синер поради два позитивни допинг теста во март оваа година.

- Како и во другите случаи, ние внимателно ќе ја разгледаме оваа одлука и ќе го задржиме правото на жалба до CAS доколку е потребно, се вели во соопштението на ВАДА.

Независен трибунал пресуди дека забранетата супстанцијата влегла во телото на тенисерот преку анаболичен стероид купен од неговиот фитнес тренер и користен од физиотерапевтот на Синер за лекување на исеченица на прстот. Забележано е дека лекарот го третирал спортистот без ракавици.

И покрај ослободената пресуда во случајот со допинг, Синер ќе ги загуби паричните награди и ранг-поени за турнирот од серијата Мастерс во Индијан Велс (САД), на кој стигна до полуфиналето. Натпреварот се одржа од 6 до 17 март. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан