• вторник, 26 ноември 2024

Вавринка го откажа настапот на Ролан Гарос

Вавринка го откажа настапот на Ролан Гарос
Париз, 18 мај 2021 (МИА) - Поранешниот победник на Роланд Гарос, Швајцарецот Стан Вавринка (36) го откажа настапот на овогодишното издание на парискиот грен-слем, откако не успеа навреме да закрепне по операцијата на левото стапало. - Се надевавме дека Стан ќе биде подготвен по малата операција на стапалото во март. Меѓутоа, не успеа навреме да се врати во полна кондиција, соопшти тимот на Вавринка. Својот последен настап швајцарскиот тенисер го имаше на почетокот на март на турнирот во Доха, на кој загуби уште на стартот од Јужноафриканецот Лојд Харис. Вавринка во кариерата има освоено три грен - слем титули (2014 Австралија Опен, 2015 Ролан Гарос и 2016 ЈуЕс Опен). Новото издание на Ролан Гарос стартува на 30 мај. ег/ми/  

Остани поврзан