Бушар победи прв пат по две години на ВТА турнир
- Канадската тенисерка Ежени Бушар се пласира во второто коло од ВТА-турнирот во Монтреал.
Монтреал, 29 јули 2025 (МИА) – Канадската тенисерка Ежени Бушар се пласира во второто коло од ВТА-турнирот во Монтреал.
Домашната претставничка ноќеска ја совлада Емилијана Аранго со 6:4, 2:6 и 6:2.
Триесет и едногодишната Бушар го доби својот прв меч на ВТА натпревар од септември 2023 година. Таа го игра својот последен турнир во Монтреал.
Следна противничка на Бушар ќе биде Белинда Бенчиќ. зс/
Фото: Facebook Genie Bouchard