• понеделник, 01 јули 2024

Бучковски во Софија на средби со Борисов, Захариева, Каракачанов и Радев

Бучковски во Софија на средби со Борисов, Захариева, Каракачанов и Радев
Скопје, 9 декември 2020 (МИА) - Специјалниот пратеник на Владата за решавање на недоразбирањата со Софија, Владо Бучковски, денеска ја започнува својата прва официјална посета на Бугарија. Од бугарското МНР соопштија дека вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева денеска ќе го прими специјалниот претставник на Република Северна Македонија за Бугарија Владимир Бучковски. По разговорите, Захариева и Бучковски ќе одржат прес-конференција во Министерството за надворешни работи. Бучковски, како што јавија бугарските медиуми, за време на посетата на Софија, ќе има средби и со премиерот Бојко Борисов и министерот за одбрана Красимир Каракачанов, а в четврток ќе се сретне и со претседателот Румен Радев. Универзитетскиот професор и поранешен премиер Бучковски Владата минатата недела го назначи за специјален пратеник во Бугарија. вг/рп/  

Остани поврзан