• вторник, 19 ноември 2024

Бурунди им нареди на лекари и претставник на СЗО да ја напуштат земјата

Бурунди им нареди на лекари и претставник на СЗО да ја напуштат земјата
Буџумбура, 14 мај 2020 (МИА) - Бурунди му нареди на претставникот на Светската здравствена организација и тројца други здравствени експерти да ја напуштат земјата во наредните 48 часа, јави Би-Би-Си. Министерството за надворешни работи на Бурунди не ја наведе причината за оваа одлука. Владата на земјата е критикувана поради намерата да одржи избори на 20 мај во екот на пандемијата на коронавирусот. На митинзите на претседателските кандидати може да се забележи дека никој од учесниците не ги почитува мерките за заштита. Во Бурунди, од почетокот на пандемијата се пријавени 15 случаи на заразени со коронавирусот и еден починат, но хуманитарната организација „Меѓународна кризна група“ наведува дека вистинските бројки би можеле да бидат повисоки. јт/

Остани поврзан