• сабота, 23 ноември 2024

Бунтовниците од ФАРК регрутирале повеќе од 18.000 деца

Бунтовниците од ФАРК регрутирале повеќе од 18.000 деца
Богота, 11 август 2021 (МИА) - Поранешната колумбиска герилска група ФАРК во периодот од 1996 до 2016 година регрутирала 18.000 малолетни момчиња и девојчиња, соопшти постконфликтниот суд за Специјална јурисдикција за мир (ЈЕП). Бројката на регрутирани деца е повеќе од двојно поголема од таа што првично беше наведена од страна на Генералното обвинителство. Бројката на регрутирани деца е утврдена со споредба на 31 база на податоци од организациите на жртвите, државните институции и универзитетите. ЈЕП, исто така, побара 26 поранешни членови на ФАРК да одговараат за нивната наводна одговорност за регрутирање. ФАРК постојано негираше дека имала таква политика, тврдејќи дека децата се приклучиле доброволно. Колумбискиот мировен процес започна пред пет години. Поранешниот колумбиски претседател Хуан Мануел Сантос потпиша историски мировен договор со ФАРК во 2016 година, со што заврши 52-годишниот конфликт. Околу 7.000 борци беа демобилизирани и ФАРК стана политичка партија. Според официјални владини податоци во вооружениот конфликт помеѓу владините вооружени сили, левичарските герилски групи и десничарските паравоени групи во Колумбија, од 1958 година, загинале над 260.000 луѓе, а повеќе од седум милиони луѓе се раселени. ми/

Остани поврзан