• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бундестагот на 6 мај го избира Фридрих Мерц за нов германски канцелар

Бундестагот на 6 мај го избира Фридрих Мерц за нов германски канцелар

Берлин, 14 април 2025 (МИА) - Германскиот Бундестаг на 6 мај ќе го избере конзервативецот Фридрих Мерц за канцелар, со што дефинитивно ќе му заврши мандатот на Олаф Шолц, соопшти денеска Долниот дом на германскиот Парламент.

Фридрих Мерц (69) треба да биде избран од мнозинството од 630 пратеници во Бундестагот, пред истиот ден да ја преземе власта од Шолц.

Лидерот на конзервативците, победници на неодамнешните парламентарни избори, ќе ја предводи коалицијата формирана со Социјалдемократската партија (СПД) на канцеларот во заминување.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан