• петок, 05 јули 2024

Букмејкерите започнаа да го сметаат Леброн за главен кандидат за МВП

Букмејкерите започнаа да го сметаат Леброн за главен кандидат за МВП
Њујорк, 27 јануари 2021 (МИА) – Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс е на врвот на листата кандидати за МВП оваа сезона кај повеќето обложувалници. Според „ESPN.com“ Џејмс во моментов е главен фаворит со коефициент 4:1 откако на средбата со Кливленд постигна 46 поени и го предводеше својот тим до победата. Џејмс ја започна НБА сезоната како шести најдобар кандидат за МВП. Неговите коефициенти беа оценети со 14:1. зс/

Тагови

Остани поврзан